Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дисингер нема да биде дел од СП, селекторот одлучи дека не е подготвен за мундијалот во Египет
Дисингер нема да биде дел од СП, селекторот одлучи дека не е подготвен за мундијалот во Египет

Дисингер нема да биде дел од СП, селекторот одлучи дека не е подготвен за мундијалот во Египет

Кристијан Дисингер и дефинитивно не се најде на конечниот список на селекторот на Германија, за претстојното СП во Германија.

Иако Дисингер беше дел од подготвителниот период на својата репрезентација, сепак после заедничка одлука со селекторот Гислансон, се решија Дисингер да не патува во Египет.

Бројните повреди што ги имаше Дисингер во текот на неговата кариера, како и отсуствата од тренинг си го направија своето, па селекторот на Германија одлучи дека левиот бек на Вардар не е подготвен за едно големо натпреварување како што е СП.

Во наредниве денови, Дисингер ќе се приклучи на подготовките на Вардар и ќе стави на располагање на Алушовски за предизвиците кои им следат во пролетниот дел од сезоната.