Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тренинг во четврток ќе има, но поголем дел од нив ќе бидат младинци!
Тренинг во четврток ќе има, но поголем дел од нив ќе бидат младинци!

Тренинг во четврток ќе има, но поголем дел од нив ќе бидат младинци!

Наместо подобрување, во таборот на шампионот на Македонија работите се влошуваат од ден во ден. Иако имаше најави за подобри денови, сепак од тоа засега нема ништо, па така на фудбалерите им ,,пукна филмот”, па започнаa масовно да си заминуваат од  ,,црвено – црните”.

Во четврток е најавен и првиот тренинг во новата година, арно ама на првиот собир ќе се појават половина играчи од младинскиот тим, а ќе останат само неколку искусни фудбалери (барем засега).

Засега, на прв тренинг ќе се појават само искусните Блажевски, Петковски, Најденов, Мирчевски и младите Илиќ, Велковски, Крстевски, Величковиќ, Ѓурковски, Реџепи и Игески… тука ќе бидат вметнати и неколку играчи од младинците, а тренери ќе бидат Ивановски, Таневски и Глигоров.

Во меѓувреме, од тимот може да си заминат Најденов кој има понуди од странство и Петковски од А.Пандев.