Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА НА СП ВО ЕГИПЕТ
МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА НА СП ВО ЕГИПЕТ

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА НА СП ВО ЕГИПЕТ

Македонија ќе игра на светското ракометно првенство во Египет. Ова е дефинитивна одлука, откако репрезентацијата на Чешка се откажа од настап на мундијалот, поради голем број на заразени играчи од Ковид-19.

Македонија како прва „резерва“ до последен момент ја чекаше својата шанса и потајно се надеваше дека може да се најде меѓу патниците на СП во Египет. Македонија ќе биде во група заедно со селекциите на Египет, Шведска и Чиле. Во подготвителениот период одигравме два контролни натпревари токму со Чиле, кои ги добивме во своја корист.

Во наредната фаза ќе се пласираат најдобрите три селекции од секоја група, во наредниве два дена се очекува Македонската експедиција да полета за Египет. На стартот отвараме против Шведска на 14. јануари, два дена подоцна играме против Египет, додека на 18. јануари се среќаваме со Чиле, репрезентација која во Скопје со млади сили ја победивме два пати. Токму, Египет и Чиле утре во меѓусебен дуел ќе го отворат СП.

Во очекување е селекторот Брестовац да го објави списокот на играчи кои ќе ги бранат боите на Македонија на СП.