Saturday ,16 January 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Четворица вардарци во националниот дрес на СП во Египет
Четворица вардарци во националниот дрес на СП во Египет

Четворица вардарци во националниот дрес на СП во Египет

Од денес стартува Светското ракометно првенство во Египет, на кое ќе учествува и селекцијата на Македонија. Откако Чешка се откажа од настапот поради големиот број на позитивни играчи од Ковид-19, Македонија ќе го потполни испразнетото место и ќе се натпреварува во групата Г, заедно со домаќинот Египет, потоа Шведска и Чиле.

Селекторот Брестовац го објави списокот од 20 ракометари кои ќе отпатуваат за Египет. На истиот се најдоа и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Димитар Димитриоски ( лево крило), Филип Талески ( лев бек), Марко Мишевски ( среден-лев бек) и Стојанче Стоилов ( пикер).

Првиот натпревар го играме на 14.јануари против селекцијата на Шведска.