Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > МЗТ Скопје подобар од КК Вардар
МЗТ Скопје подобар од КК Вардар

МЗТ Скопје подобар од КК Вардар

Вчера, македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје на дуелот во „Кале“  славеше над Вардар. Сино-белите од Аердром на првиот меч во 2021 за двата тима победија со   резултат 67-100.

Сите четири периода ги доби фаворитот и тоа со солидна разлика, за да дојде до посакуваната победа.Разликата растеше од четвртина во четвртина, а МЗТ најмногу се истакна во последните десет минути, кога и со комбиниран тим успеа да му даде 33 поени на Вардар. Вардар по седум меча има скор 1-6.

Кај победникот најефикасен беше Олуџоби со „дабл-дабл“ учинок од 17 поени и 10 скока. Потоа следеше Карачиќ со 14 поени, додека Магдевски и Гравет постигнаа по 13 поени. Кај вардарци, Диксон успеа да постигне 18 поени.

foto>gol.mk