Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујин и Дибиров: Очекуваме подобра ракометна претстава оваа пролет, големи предизвици се пред нас
Вујин и Дибиров: Очекуваме подобра ракометна претстава оваа пролет, големи предизвици се пред нас

Вујин и Дибиров: Очекуваме подобра ракометна претстава оваа пролет, големи предизвици се пред нас

„Црвено-црните“ се подготвуваат за пеколниот ритам и десетте натпревари во сите натпреварувања кои се закажани идниот месец,   февруари. Вардар 1961 е тим со  најмалку одиграни средби во Лигата на шампионите и ќе одиграат дури седум дуели во елитата наредниот месец. За процесот на подготовка и очекувања зборуваат два искусни ракометари од нашиот тим.

Дибиров: Ги „наполнивме батериите“ , сите одморивме доволно. Сметам дека тие десет натпревари во февруари се многу. Сепак, за нас е подобро да имаш толку мечеви, отколку само по еден. Фаќаме ритам, пресреќни сме што конечно ќе играме во нормален распоред. 

Очекувам дека оваа полусезона ќе биде подобра од претходната. Чекор по чекор ќе стигнеме до резултатот кој го очекуваме и посакуваме. Мора прво да ја минеме групата, што во ситуацијава може да биде тешко. Ние можеме, мораме и знаеме дека ако сакаме да направиме нешто, ќе биде лесно.

125953904_10160014009055348_7457586727026688546_o-660x330

Вујин: Првиот дел од сезоната мина како што мина. Не бевме задоволни од бројот на натпревари кои ги одигрвме. Ни се случи два-три пати конечно да влеземе во форма, ама проблемите со кораната нè изнесоа од играчки колосек. Почнувавме припреми од нула, а тоа не е лесно ако очекуваш добри резултати.

Сега мора да направиме вистински припреми во текот на јануари. Многумина имавме корона и симтоми, тоа е сега зад нас. Мора сериозно да се спремиме, пред нас е пеколен февруари. Имаме доста многу важни натпревари. Научив од претходните клубови дека вистинските предизвици се во вториот дел од сезоната. Тогаш се игра за титули и се освојувааат. Многу примери има во спортот дека екипи играле одлично во првиот дел, а потоа потфрлале во вториот дел од сезоната. Сепак, има и такви кои кога е најпотребно играат најдобри и ние се спремаме за тоа“,