Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Куглањето продолжува по прекинот, во првото пролетно коло Вардар на мегдан со Макпетрол
Куглањето продолжува по прекинот, во првото  пролетно коло Вардар на мегдан со Макпетрол

Куглањето продолжува по прекинот, во првото пролетно коло Вардар на мегдан со Макпетрол

Кугларската федерација одлучи да го продолжи прекинатото првенство 2020/2021. Есенва се одиграа само две кола по кои дојде до прекин поради пандемијата. Првото пролетно коло е предвидено за 20-ти идниот месец. Во информацијата на официјалната страница на федерацијата се наведува:

На денешната вонредна онлајн седница на Извршниот одбор на КФМ, едногласно е одреден датум за продолжеток на кугларската лига која беше прекината после само 2 одиграни кола во месец октомври 2020 година, поради добро познатата причина наречена пандемија на корона вирусот. Секако, можни се ад хок измени согласно здравствената ситуација која го диктира темпото во спортскиот сектор, во случајов кугларскиот спорт и во секој момент здравјето на сите кугларски работници ќе биде во преден план во однос на се останато.

Тимот на КК Вардар(А) во првото пролетно коло ќе игра дерби против Макпетрол, екипата на Вардар (Б) е слободна.