Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Три играчи продолжуваат во Вардар до лето!
Три играчи продолжуваат во Вардар до лето!

Три играчи продолжуваат во Вардар до лето!

Тешки денови се пред ФК Вардар, иако има(ше) најави за стабилизирање на состојбата во најтрофејниот клуб. За утре е закажана првата прозивка во новата година, но наместо да се занимаваме со некои други работи, сведоци сме на секојдневни заминувања од таборот на шампионот.

Додека од Вардар си заминуваат многу фудбалери, ,,Вардар Фанс” успеа да стигне до некои позитивни информации, а тоа се дека тројца играчи сигурно остануваат во Вардар барем до летоска.

Одличниот Виктор Крстевски, потоа Александар Ѓурковски и Мартин Радуловиќ – Величковиќ сигурно остануваат во тимот. Ова е добар знак, бидејќи тројцата се покажаа во добро светло во пролетниот дел од шампионатот. Како што е добро познато, сите тројца настапуваат како одбранбени играчи.