Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тренинг нема да има се дур не се реши ситуацијата во ФК Вардар!!
Тренинг нема да има се дур не се реши ситуацијата во ФК Вардар!!

Тренинг нема да има се дур не се реши ситуацијата во ФК Вардар!!

Иако првично беше најавено дека утре ќе стартуваат Вардарци со зимските подготовки, сепак луѓе од клубот ни потврдија дека утрешниот тренинг е одложен и дека вардаровите „деца“ Филип Ивановски, Златко Таневски и Никола Глигоров не се нафаќаат да одржат тренинг се додека не се реши ситуацијата со ФК Вардар.

Покрај нив и луѓето од Академијата на ФК Вардар се едногласни дека нема да работат се додека кристално чисто не се среди ситуацијата во која се наоѓа најтрофејниот фудбалски колектив.

Само за потсетување, Првата фудбалска лига започнува на 14 идниот месец и тоа со вечното дерби на Вардар и Пелистер.