Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шест вардарци ќе настапат на СП во Египет
Шест вардарци ќе настапат на СП во Египет

Шест вардарци ќе настапат на СП во Египет

Денес својот прв натпревар на СП во Египет ќе го одигра репрезентацијата на Македонија. Што се однесува до вардаровите играчи кои ќе бидат дел од овој мундијал, вкупно шест играчи доаѓаат од редовите на Вардар.

За Македонија ќе настапат, Стоилов, Талески, Мишевски и Димитроски. По еден играч ќе има во селекциите на Полска и Хрватска. Се работи за Патрик Валчак и Иван Чупиќ.

Вечерва со почеток од 20:30 часот, Македонија го отвора СП со дуел против Шведска. Во петок, Полска игра против Тунис, додека Хрватска за противник ја има репрезентацијата на Јапонија.