Германскиот бек Кристијан Дисингер и во новата сезона ќе го носи дресот на првакот од Македонија. Според информации блиски до клубот, на Дисингер му е одлично во новиот тим и во главниот град на државата и со сигурност ќе го испочитува договорот и следната сезона ќе настапува за нашиот тим.
Оваа информација е супер вест во овој момент, по низата најавени заминувања на Карачиќ, Мораеш, Кисељев и Калараш.
Исто така, Дисингер ќе биде во комбинација и за завршниот турнир во Келн, каде во својата Германија ќе се обиде да стигне до трофејот заедно со својот Вардар.