Нема време за одмор. Утре ракометарите на Вардар ги очекува нов натпревар, овој пат во домашното првенство. “Црвено – црните” утре остануваат во Скопје и гостуваат во Бутел кај истоимениот тим.
Очекуваме еден интересен натпревар и враќање на победничките потеки на нашите момци, по неуспехот во Купот изминатиов викенд. Натпреварот ќе биде одигран во “Спортската сала Антон Димитров” со почеток во 18:30 часот.