Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристијан Дисингер доби повик за настап во репрезентацијата на Германија
Кристијан Дисингер доби повик за настап во репрезентацијата на Германија

Кристијан Дисингер доби повик за настап во репрезентацијата на Германија

После подолго време, Кристијан Дисингер се најде на поширокиот список на играчи за репрезентацијата на Германија.

Селекторот на Германија и поранешен тренер на Кил, Алфред Гислансон, го објави поширокиот список на играчи, на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Дисингер на стартот од сезоната покажа дека се наоѓа во добра форма, но го пропушти поради мала повреда последниот натпревар на Вардар против екипата на Порто. Квалификациите, Германија ќе ги отвори со домашен дуел против БИХ, а во следното коло ќе гостува на Естонија.