Вардар 1961 се раздели со уште еден ракометар од шампионската генерација. Германскиот интернационалец Кристијан Дисингер по три сезони минати во ,,црвено – црниот” дрес го напушта најтрофејниот ракометен тим од Македонија.
Дисингер на 11.10.2018 година официјално беше најавен како големо засилување за ,,црвено – црните” од редовите на Кил и потпиша двегодишен договор. Учествуваше во големата титула во 2019 година над Веспрем во Келн и стана уште еден играч од Германија што освоил ЛШ. Повредите го спречија да го покаже сијот свој потенцијал, но и те како допринесе во одличната сезона на Вардар, онаа во 2019 година.
Дисингер по три прекрасни години минати во Скопје, заминува во екипата на Динамо Букурешт, а ние му посакуваме се најдобро понатаму и еден ден да се врати во Скопје и во Вардар по уште титули.
Среќно и фала ти за се – ДИСИ!