Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дисингер: Навивачите во Македонија се „луди“ , Вардар е перфектен клуб за секој ракометар
Дисингер: Навивачите во Македонија се „луди“ , Вардар е перфектен клуб за секој ракометар

Дисингер: Навивачите во Македонија се „луди“ , Вардар е перфектен клуб за секој ракометар

Германскиот интернационалец Кристијан Дисингер, во интервју за емисијата „(Un)informed Handball Hour“, говори за неговиот тим Вардар, за тоа дека навивачите во Македонија се „луди“ по ракомет и на многу други интересни теми поврзани со нашиот тим и животот во Скопје како ракометар.

Моменталната ситуација во клубот:

„Финансиската ситуација во клубот не е добра, но јас му соопштив на раководството дека ќе останам до крајот на сезоната. Имав неколку понуди од големите лиги, но не сакав да го напуштам Вардар во ваква лоша состојба. Затоа одлучив да останам, барем до крајот на тековната сезона“.

Престојот во Вардар, навивачите и условите за работа во Скопје:

„Ако се беше во ред со финансиите, Вардар е перфектен клуб за секој ракометар. Не познавам за друг тим кој има ваква инфраструктура. Имате се на едно место, плус одлични луѓе кои работат со вас. Исто така навивачите во Македонија се „луди“ по ракометот, бидејќи тоа е прв спорт во државата. Си мислите дека има 10 милиони жители кога се во прашање ракометните настани“.

- Целото интервју за емисијата можете да го слушнете ОВДЕ.