Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар и Аеродром ги поделија бодовите, на стартот од пролетниот дел
Пионерите на РК Вардар и Аеродром ги поделија бодовите, на стартот од пролетниот дел

Пионерите на РК Вардар и Аеродром ги поделија бодовите, на стартот од пролетниот дел

Вечерва во С.Ц. Јане Сандански првото пролетно коло во рамките на групата 3 од пионерската лига, го одиграа пионерите на ракометниот клуб Вардар. Избраниците на Зоран Петковски ги загубија првите бодови, откако одиграа со нерешен резултат во дуелот со екипата на Аеродром. За потсетување, есенскиот дел го завршивме со максимален број на освоени бодови, или 27 на девет одиграни мечеви.

Во најголем дел од првото полувреме, вардарци имаа предност, но истата не беше поголема од два разлика. Тргнавме добро на натпреварот кога поведовме со 2:1 и 3:1, но гостинот покажа дека нема да биде лесен противник, се врати во игра и го израмни резултатот на 3:3. Нашите пионери уште во два наврати имаа предност од два гола, кога резултатот на семафорот гласеше 6:4 и 7:5. Сепак во следните пет минути, гостинскиот тим направи серија од 1:4 и за прв пат поведе на дуелот со 8:9. До крајот на првиот дел, Вардар го врати водството и на одмор замина со минимална позитива од 11:10.

Слично како на првото, така и вториот дел започна добро за нашите момчиња. Избраниците на Зенга ги вратија оние највисоки два гола, кога резултатот беше 13:11, но Аеродром одржуваше чекор, не ни дозволи да се одлепиме и со серија од 0:4 ја превзеде предноста (13:15), тоа беше прв пат на дуелот, противникот да има два гола разлика. Немаше време за олабавување во нашите редови, набрзина постигнавме два гола и израмнивме на 15:15. Екипата на Аеродром беше поблиску до победата, кога имаа водство од 16:18, но Вардар постигна три гола во серија и повторно поведе со 19:18. Сепак последниот дуел на дуелот го постигна гостинската екипа, за конечни 19:19 на овој прв меч од пролетниот дел во пионерската лига.

Во редовите на Вардар најефикасни беа Христијан Петковски и Марио Стојановски кои постигнаа по 5 голови. И покрај нерешениот резултат, Вардар е лидер во својата група со 28 освоени бодови, додека втор е Металург 2 со 20 бодови.