Вардар се разделува со уште еден ракометар од шампионската генерација. Германскиот интернационалец Кристијан Дисингер по три сезони минати во ,,црвено – црниот” дрес го напушта најтрофејниот ракометен тим од Македонија.
Дисингер за германските медиуми потврди дека нема да го продолжи договорот со Вардар и дека веќе е во потрага по својот нов тим. Дисингер дојде како големо засилување во Вардар, но повредите го спречија да го истакне својот голем потенцијал.
Да потсетиме дека за следната натпреварувачка сезона, Вардар на левата бековска позиција го потпиша Анте Кудуз од Динамо Букурешт. Сепак, треба да се донесе и уште еден ракометар на таа позиција.
Останува предизвикот за Дисингер да освои уште две титули со вардарци во домашното првенство, а можеби и во СЕХА – лигата.