Страхиња Милиќ после пауза од две години , се врати меѓу стативите, откако дебитираше за екипата на Партизан, на натпревар од полуфиналето во Купот на Србија.
Во 2017 година, Милиќ и Вардар се разделија, откако српскиот голман не успеа да ја смали тежината, пред стартот на новата натпреварувачка сезона. Од тој период, Џамбо беше без ангажман, и после три години се појави на голот на Партизан.
На дуел на кој неговиот тим беше поразен од Динамо Панчево, Милиќ забележа вкупно шест одбрани. Со екипата на Вардар во 2017 година успеа да ја освои и Европската титула.