Денес на теренот во населбата Хиподром, кадетите на ФК Вардар одиграа пријателски натпревар со екипата на Ренова, кој го добија убедливо со резултат 8:0
Тренерот Филип Ивановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Јовчев, Јовановски, Ѓоргоски, Стојчевски, Ѓоргиевски, Трпезановски, Давков, Давидовски (c), Андрески, Гуџуфи, Мирков.
Вардарци доминираа на овој пријателски натпревар. Прва прилика имаше нашиот состав кога Гуџуфи упати удар над голот на тетовчани. По асистенција на Мирков, Бесар Гуџуфи отвори со погодок за 1-0. Потоа стрелецот на голот имаше уште една прилика, кога излезе сам со противничкиот голман, кој овој пат успеа да го скроти неговиот обид. Од слободен удар се обиде и Грегори Давков, но неговиот удар беше лесен плен за голманот на „гипсарите“. Ние доминиравме на теренот, Андрески пропушти шанса од непосредна близина, откако беше нафрлена топка од десната страна.
Конечно дојдоа и погодоците, откако Антонио Мирков пресече една топка, истрча во брза контра, кој сам ја реализира за водство од 2:0, а во следната минута и Дарио Јовановски стрелаше за високи 3-0, откако прецизно биеше од 20-сетина метри. Доминацијата на нашиот тим беше тотална, постојано бевме пред голот на гостинската екипа, до крајот на првиот период погодивме уште еднаш, за резултат 4-0 погоди Андрески Лео пред крајот на овој период.
Вториот дел започна на исти начин како што започна и првиот период со шанса на Гуџуфи. По одлично нафрлување на Давков погоди за „петарда“ Филип Ѓоргоски, со неговиот погодок кадетите на Вардар имаа предност од 5-0. Следеа два погодока на Славче Живков, за 6-0, кој доби асистенција од Давков, потоа стрелаше и за 7-0. Конечните 8-0 ги постави Дарко Младеновски. Во вториот дел во игра Ивановски од клупата ги уфрли и Филип Трајковски, Славче Живков, Дамјан Марковски и Дарко Младеновски.