Friday ,23 October 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Стојановски и Салиу донесоа победа за младинскиот состав на ФК Вардар, во дуелот со Ренова
Стојановски и Салиу донесоа победа за младинскиот состав на ФК Вардар, во дуелот со Ренова

Стојановски и Салиу донесоа победа за младинскиот состав на ФК Вардар, во дуелот со Ренова

Младинскиот состав на ФК Вардар денес на теренот во населбата Хиподром одигра контролен натпревар со екипата на Ренова. Одличен меч за црвено-црните кој го добија во своја корист. Конечниот резултат на натпреварот гласеше 3:1.

7

Тренерот Ивановски се реши натпреварот да го започне со следниот состав: Стојковски, Ѓурковски (c), Мицевски, Петејчук, Исени, Шабани, Хасани, Гугуљанов, Стојановски, Салиу, Парталко.

Првиот директен удар на овој дуел го имаше Ренова, откако еден од нивните играчи се обиде од голема далечина, но топката заврши крај нашиот гол. Сепак првата посериозна шанса за отварање на резултатот ја имаше Вардар преку Георг Стојановски, после една акција нашиот напаѓач биеше, топката зафати еден од гостинските играчи и заврши во стативата на тетовчани. Следеше период кога, Ренова со два обиди се закани кон нашиот гол, но резултатот остана непроменет.

2 3

1

Во првата акција, Стојковски успешно одбрани, додека во вториот обид после нафрлена топка од корнер, највисок во скок беше играчот на Ренова кој од пет метри не успева да го совлада нашиот голман. Младинците на Вардар сепак успеаа да поведат на овој натпревар, откако Георг Стојановски постигна маестрален гол од слободен удар. Со голема умешност нашиот напаѓач биеше по земја, топката заврши во мрежата од левиот голмански агол, за предност од 1:0, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Вардарци имаа поголем дел од играта и во вториот дел, кога успеаа да постигнат уште два гола во противничката мрежа. Првиот обид во овој дел од натпреварот ја имаше Салиу, кога биеше над голот, додека Стојановски со глава после нафрлена топка од корнер биеше крај голот. Имавме нови шаси да го зголемиме резултатот, најпрво Ѓурковски биеше со глава повторно откако нафрливме топка од корнер, но ударот на нашиот капитен заврши крај голот, додека убава прилика да се запише во листата на стрелци имаше Петре Тасевски, кој после акција од десната страна, доби топка во противничкиот шеснаесетник, биеше од прва, но голманот со одлична реакција спречи втор гол во неговата мрежа.

4 5 8

Инциијативата даде резултат, кога Вардар поведе со 2:о, повторно со гол на Гео Стојановски. Нашиот напаѓач беше најумешен во противничкиот шеснаесетник, откако после нафрлена топка од Хасани, беше највисок во скокот, со глава погоди за зголемено водство. До крајот на натпреварот паднаа уште два гола, по еден во двете мрежи. Најпрво Фисник Салиу зголеми на 3:0, додека во последната минута од натпреварот, Ренова со гол од слободен удар намали на 3:1, резултат кој беше и конечен на натпреварот.

Денешните дуели на младинските екипи ги следеа и стручниот штаб на првиот тим, предводени од Александар Васоски.

9