Во четврток стартува Европското ракометно првенство, на кое ќе се натпреварува и Македонија. Дел од ова ЕП ќе бидат и играчите кои настапуваат за Вардар, во неколку различни репрезентации.
Еден од нив е Дарко Ѓукиќ, кој се најде на конечниот список на српскиот селектор за ова натпреварување. Сите репрезентации се соочуваат со големи проблеми поради тестирањата со Ковид-19, па ќе имаат проблеми околу составување на екипите.
Србија се наоѓа во група со репрезентациите на Украина, Хрватска и Франција. Во четврток го отвараат ЕП со дуел против Украина.