Фудбалерите на Вардар вчера и денес ги минаа задолжителните лекарски прегледи пред стартот на зимските подготовки, па така утре и официјално Никола Глигоров ќе прозива и ќе означи старт на подготовките.
Вардарци во новата година влегуваат со две супер нови имиња, Гачевски и Мицевски кои треба да бидат големи засилувања за тимот. Во ростерот се враќа и младиот Мицевски Иван од позајмица, а во Вардар ќе има уште неколку нови имиња, пред се прволигашки.
Утрешната прозивка ќе биде во 11 часот во базата на Вардар, во населбата Хиподром. Во Скопје ќе се тренира 10-сетина дена, пред заминувањето за Анталија кое е предвидено на 25-ти овој месец. Останува да видиме кои лица утре ќе се појават на првата прозивка.