Утре во Унгарија и Словачка ќе стартува Европското првенство во ракомет. Вардар ќе има вкупно девет играчи на ова ЕП.
Најмногу, вкупно пет играчи ќе ги бранат боите на Македонија. Тоа се Мартин Томовски, Стојанче Стоилов, Марко Мишевски, Гоце Георгиевски и Филип Талески. Двајца вардарци ќе гледаме во полската репрезентација, тоа се Патрик Валчак и Јан Чувара, додека за Хрватска и Србија ќе има еден претставник од Вардар. Се работи за Анте Гаџа, односно Дарко Ѓукиќ.
Сите споменати репрезентации освен Полска својот прв натпревар на ЕП ќе го имаат во четврток, додека Полска ќе игра во петок.