Добри вести пристигаат од РК Вардар, повредата на десното крило Матјеаж Брумен нема да го спречи да ја доигра сезоната . Брумен ги пропушти трите меча во СЕХА Лигата и гостувањето во Германија во рамките на Лигата на Шампионите . Повредата на рамото нема да се трерира хирушки, во досегашните дуели целиот товар падна на Шишкарев . Враќањето на Брумен ќе биде важно за тимот особено неговиот придонес во одбраната .
Како што известуваат од Црвено-Црниот табор за состојбата на Словенскиот ракометен репрезентативец и член на Вардар по извршените консултации со лекари специјалисти, утврдено е дека засега нема потреба од операција на десното рамо, и дека со посебен третман и процес на рехабилитација истата повреда може да биде санирана. Стручниот штаб очекува веќе на првиот 1/8 финален дуел со Висла, да може да смета на услугите на Словенскиот интернационалец во редовите на РК Вардар .