Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Жрк Вардар, триумфално од Делчево
Кадетките на Жрк Вардар, триумфално од Делчево

Кадетките на Жрк Вардар, триумфално од Делчево

Вториот дел од сезоната започна и за кадетките на Жрк Вардар. Пред два саати заврши натпреварот во Делчево, против истоимената екипа, во кој вардарки забележаа победа со резултат 19:30. Само во првите 30 минути, домаќинките беа рамноправен противник, каде се замина на пауза со резултат 13:13.

Цврстата и агресивна одбрана во вториот дел беа пресудни за убедливата победа на црвено-црните, дозволувајќи му на противникот да постигнат само шест гола.

Анастасија Николовска одигра одличен натпревар постигнувајќи 7 гола. Ангела Карчева, Ана Станикевска, Александра Вељаноска постигнаа по 4 гола.  Теодора Колевска даде 3 гола, Сашка Филипоска и Моника Георгиевска по 2 гола.Во листата на стрелци се запишаа и Анастасија Тодоровска, Ива Божиноска,  Маја Китановска и Ивана Стојмановска постигнувајќи по еден погодок. Голманките имаа одличен ден, забележувајќи вкупно 20 успешни интервенции.

Вчера во Кале победа забележаа и младинките на Вардар, против екипата на Пелистер. Се на се успешен викенд за цел колектив на Жрк Вардар.