Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Маја Трпковска: Оваа победа ја зголемува самодовербата во екипата
Маја Трпковска: Оваа победа ја зголемува самодовербата во екипата

Маја Трпковска: Оваа победа ја зголемува самодовербата во екипата

Втората екипа на Жрк Вардар со победа го стартуваше вториот дел од сезоната во Супер лигата. Во С.Ц. Јане Сандански успеаа да забележат победа против првиот тим на Металург, со резултат 18:17. Нашите девојки во финишот подобро се снајдоа, и имаа поголема желба за победа.

-Тоа беше тежок и израмнет натпревар до последните моменти. Во последните 15 минути изигравме агресивна одбрана и успеавме да му дозоволиме на противникот да постигне само еден гол, што на крајот се покажа како пресудно за конечниот исход.

Девојките од автокоманда на два пати имааа предност, од плус четири гола. Вардарки веруваа во себе и со борбена игра го свртеа резултатот.

-Металург беше во постојана резултатска предност во текот на целиот натпревар. Ние не се предадовме и со последните атоми од силата успеавме да го свртиме натпреварот во наша корист и да победиме. Победата е резултат на нашата тимска игра и големите срца на овие девојки, кои во иднина ги чека многу вакви тешки натпревари во нивните кариери.

Во продолжение од сезоната, овие две екипи ќе водат борба за освојување на второто место на табелата.

-Металург е одлична млада екипа, која својот квалитет го прикажа и на овој натпревар и немаше да биде незаслужено доколку триумфираа. Сепак оваа победа на нас ни значи многу во битката за второто место. Сигурна сум дека значително ќе ја зголеми самодовербата во екипата, изјави Маја Трпковска за Вардарфанс.

Звонко Ивановски