Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Повредата на Дисингер не е сериозна, Германецот се враќа на тренинг!!
Повредата на Дисингер не е сериозна, Германецот се враќа на тренинг!!

Повредата на Дисингер не е сериозна, Германецот се враќа на тренинг!!

Македонскиот и европски ракометен првак Вардар може да здивне. Левиот бек на тимот, Германецот, Кристијан Дисингер сепак се спаси од нова повреда.

На натпреварот во Запорожје, левиот бек на Вардар без контакт со играч на противникот падна, а потоа со болна гримаса го напушти теренот и не се врати до крајот на дуелот.

Се стравуваше дека се работи за незгодна повреда на зглобот на десната нога, но, за среќа од тоа нема ништо па така популарниот Диси ќе може да се врати на тренинг на својот тим веќе во вторник и да му биде на располагање на тренерот Писонеро за гостувањето во Франција кај тимот на Монплеје в сабота.