Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Добри вести: Јотиќ ќе биде во составот за дербито!
Добри вести: Јотиќ ќе биде во составот за дербито!

Добри вести: Јотиќ ќе биде во составот за дербито!

Ракометарите на Вардар овој викенд ќе го одиграат дербито на Македонија против екипата на Еурофарм Пелистер. Овој натпревар ќе одговори на многу прашања и ќе биде појасно која екипа во овој момент е поблизу до шампионската титула. Дали Вардар ќе ја одбрани, или таа ќе замине на пат за Битола..

Пред мега дербито, да ви соопштиме една добра вест. Еден од најдобрите играчи оваа сезона во Вардар, Ловро Јотиќ по подолга пауза ќе се врати во составот и ќе конкурира за настап. Но, проценките во овој момент велат дека иако ќе биде во составот, Јотиќ нема да биде подготвен за целиот натпревар, туку ќе добие одредена минутажа.

Дуелот на Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во сабота во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:00 часот.