Голманот на Вардар, Борко Ристовски, се наоѓа во ТОП-5 голмани во СЕХА-лигата, според просекот на одбрани на еден натпревар.
Ристовски дојде сезонава во Вардар од екипата на Бенфика и заедно со Кантегрел и Кизиќ го сочинуваат голманскиот тандем на двократниот Европски Шампион.
Според статистиката на СЕХА-лигата, Ристовски е на четвртото место по просекот на одбранети удари на секој натпревар, или со вкупно 8 интервенции во просек има чуварот на мрежата на црвено-црните.
На првото место се наоѓа Ашанин од ППД Загреб, со 13 интервенции во просек, второто место е за Комок (Мотор Запорожје) со 8.8 одбрани, додека на третото место е Бомастар (Металопластика) со 8.2 интервенции во просек на мечевите од СЕХА лигата.