По паузата поради квалификациските предизвици на А-селекцијата на Македониија која обезбеди пласман во баражот за СП, продолжува домашната ракометна женска Супер лига. Оваа пролет се одигра само првото коло од истата.
Вардар тргна со победа на домашен терен против Стружанка, следен предизвик е гостувањето во Гевгелија кај истоимената женска ракометна екипа. Дуелот е закажан за сабота (27.март) со почеток во 14:00 часот. Вардарки на првата средба оваа сезона, на есен дојдоа до победа над овој ривал со резултат 34-26.