Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шмид или Карачиќ, кој ќе биде поуспешен вечерва останува да видиме
Шмид или Карачиќ, кој ќе биде поуспешен вечерва останува да видиме

Шмид или Карачиќ, кој ќе биде поуспешен вечерва останува да видиме

За нешто повеќе од половина час започнува дуелот во Германија на кој нашиот Вардар му гостува на тимот на Рајн Некар. Денешениот тек на дуелот во многу нешта ќе зависи од еден ракометар во двете екипи.

На едната страна ќе биде најдобриот ракометар на Рајн Некар Левен и репрезентативец на Швајцарија, Енди Шмид, а од другата Игор Карачиќ, предводникот на Вардар кој играше во феноменална форма на Светското првенство па се очекува истата да ја пренесе и во “црвено – црниот” дрес и на денешниот натпревар.

Веќе неколку сезони играта на Рајн Некар се врти околу Енди Шмид. Одличниот швајцарски репрезентативец вечерва ќе биде најголемата опасност по голот на Милосављев. Не само што е најдобар стрелец на својот тим со 53 постигнати погодоци, овој играч е лидер и по бројот на асистенции, што го прави феноменален играч. Како ќе одигра на вечерашниот дуел и дали има Парондо тактика, останува да видиме.

Од спротивната страна како што рековме ќе биде нашиот Игор Карачиќ. Карачиќ одигра феноменално Светско првенство па со сигурност денеска ќе биде главниот организатор и поентер во нашиот тим. Постои голема веројатност вечерва да игра како лев бек во комбинација со Скубе и Кристопанс на надворешните линии. Останува да видиме и нашиот играч како ќе одигра вечерва.