Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ОФИЦИЈАЛНО: Аврамовски за посилен Вардар!
ОФИЦИЈАЛНО: Аврамовски за посилен Вардар!

ОФИЦИЈАЛНО: Аврамовски за посилен Вардар!

ФК Вардар го официјализираше Даниел Аврамовски! 23-годишниот крилен фудбалер го засилува нашиот тим за пролетниот дел од сезоната и ќе му биде од голема помош во борба за титулата. Аврамовски доаѓа од редовите на Олимпија.

„Драго ми е што потпишав за Вардар. Можам да кажам дека уште од мал навивам за Вардар, иако играв за други клубови. Сега практично ми се оствари сонот да играм за овој клуб“, рече Аврамовски.

20027-daniel-avramovski-nov-igrach-na-vardar

„Очекувам брзо да се адаптирам затоа што со голем дел од играчите се знам. Сум играл со нив и по репрезентација и по клубовите, добро ме познаваат, добри ги познавам и јас нив. Во пролетниот дел пред се добра игра како екипа, и нормално добри резултати.  Знам дека од Вардар секогаш се бараат победи, резултати, знам како е да се носам со тој предизвик. Целта ни е секако титулата, а излезот во Европа не треба да биде доведен во прашање. Со нетрпение очекувам да се приклучам на подготовките на екипата, да се наметнам на стручниот штаб, и потоа низ пролетниот дел да бележиме добри резултати“, вели Аврамовски.