Денес, РК Вардар ќе го има првото гостување годинава во ЛШ, ние во Германија со почеток во 19-00 часот ќе искочиме на “мегдан“ против Рајн-Некар Левен.
Стручниот штаб на располагање ќе ги има: Дејан Милосављев, Калифа Гедбан и Марко Кизиќ кои се во составот за овој натпревар. Тие утрово го минаа во дружба со нивниот ментор, човекот кој е одговорен за нивниот напредок во деби сезоната за сите тројца во црвено-црниот дрес, Дејан Периќ.
Заедно со момците тој ја одработи стручната анализа на противничкиот тим. Голманското вардарово трио е подготвено очекуваме голем број на одбрани од нив попладнево.