Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дуелот ПИК Сегед – Вардар е избран за меч на колото во шампионската лига
Дуелот  ПИК Сегед – Вардар е избран за меч на колото во шампионската лига

Дуелот ПИК Сегед – Вардар е избран за меч на колото во шампионската лига

Мечот на нашите црвено-црни ракометари  во рамки  на  13 коло во  групата-Б од  ЕХФ Лигата на шампионите против екипата на ПИК Сегед е избран од страна на ЕХФ за меч на колото. Овој дуел во претпоследното коло од групната фаза  е закажана за в0 недела на 29 февруари со почеток во 17-30 часот.

Двата тима нашиот шампион  и екипата на ПИК Сегед имаат обезбедено веќе пласман во 1/8- финалето. Така да овој  меѓусебен  дуел ќе биде  за освојување на што подобро место, а победникот дури  ќе остане во игра дури и 2-то место во групата . Екипата која ќе претрпи пораз  повеќе од сигурно е дека вториот осминафинален натпревар ќе го игра на гостински терен, Во првиот меѓусебен дуел во есенскиот дел од сезонава во Л.Ш со овој противник во нашиот спортски центар “Јане Сандански“  победивме со резултат 27-23 (11-11). Од овој меч како и од сите досега директен пренос ќе врши македонската радио и телевизија, на нејзиниот прв програмски канал.