Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Победа! Вардар Јуниор ќе патува со три голови предност во Украина
Победа! Вардар Јуниор ќе патува со три голови предност во Украина

Победа! Вардар Јуниор ќе патува со три голови предност во Украина

ЖРК Вардар Јуниор го одигра првиот, од вкупно двата историски натпревари за влез во 1/2 финалето од Челинџ купот. Младите Вардарки одиграа одличен натпревар против тимот на Карпати од Украина и го добија со резултат 22-19, тоа значи дека нашите младите девојки ќе патуваат за Украина со три голови предност. Натпреварот во првите десет минути се играше гол за гол, во 6 минута резултатот беше изедначен 4-4, потоа Вардарки поведоа за 5-4, следуваше одличен период за нашиот тим и највисоки два разлика 10-8. Вардарки продолжија во одличен ритам при крајот на 22-сетата минута имаа и водство од највисоки +3 на овој натпревар 12-9. Потоа следуваше мал пад во играта на Вардарки, при што следуваа три гола во низа на Карпати за 12-12. Вардарки ја прекинаа оваа црна серија при крајот на првиот дел и постигнаа погодок за 13-12. Со овој резултат се отиде на пауза.

Вториот дел започна со гол за Вардарки за +2, потоа следуваше серија од два гола за Карпати 14-14. Потоа следуваа два гола за нашите млади девојки, но одма потоа Карпати намали на повторно еден разлика. Во 40-сетата минута од натпреварот нашиот тим имаше предност од два разлика 17-15, потоа следуваше уште еден погодок за највисоки три разлика 18-15. Следуваше по еден погодок на двете страни, за нови три преднос 19-16. Се ближеше крајот на натпреварот, Вардарки како и во првиот дел, малку се опуштија и примија два погодоци за само еден гол предност. Серијата од два гола на противникот Вардарки ја прекинаа со гол за два предност. Многу важен гол постигна Вардар за високи три голови предност на две минути до крајот на натпреварот. На половина минута до крајот Вардар имаше шанса да дојде и до највисоките четири голови предност, но топката удри само во стативата. Победа! Заврши натпреварот со резултат 22-19 за ЖРК Вардар Јуниор.
Најефикасна во Вардар Јуниор беше Нолевска со осум голови, Стојановска постигна четири.