Алекс Душебаев и Жоан Кањелас напорно се подготвуваат за старот на светското првенство, кое од 11-23-ти јанури ќе се одигра во Франција. Селекторот Жорди Рибера веќе го објави составот на ракометари на кои ќе може да смета за претстојниот мундијал, а на него се најдоа токму Душебав и Кањелас. Останатите двајца Вардарови играчи кои беа на поширокиот список, Штербик и Македа отпаднаа по последното кратење на 16-те ракометри кои ќе играат на СП.
Најсилниот тест пред започнување на светското првенство, Шпанците ќе го имаат пред својата публика каде ќе бидат дел од силен турнир, на кој ќе учествуваат Полска, Аргентина и Катар. На 6-ти јануари, “фуријата“ ќе одигра меч со Полска, веќе следниот ден за противник ќе ја има Аргентина, додека на 8-ми силите ќе ги одмери со селекцијата на Катар.
Состав на Шпанија за овој турнир и за СП: Перез Де Варгас, Коралес, Кањелас, Гони, Костоја, Душебаев, Гурбиндо, Ентрериос, Сармиенто, Фернандес, Ривера, Томас, Балагуер, Агинагалде, Гвардиола, Фигуерас, Морос.
Шпанија на СП е во група со Македонија, Словенија, Исланд, Ангола и Тунис