Пионерките на ракометниот клуб Вардар направија голем успех на силниот меѓународен турнир во Белград. Избраничките на Драгана Ристова и Билјана Пецевска со бронзен медал се вратија од Србија, освојувајќи го третото место. За “влакно“ им избега пласманот во големото финале, откако во полуфиналето за само еден погодок беа поразени од домашната екипа на Белград. Претходно во групната фаза, нашите млади надежи забележаа три победи од исто толку одиграни мечеви. Беа совладани екипите на Космај (20:14), Сингидунум ( 16:9) и Јуниор (24:6). Предводник на оваа генерација е поранешната и докажана Македонска репрезентативка, Драгана Пецевска ( сега Ристова).
Пецевска две сезони настапуваше за црногорскиот шампион Будуќност со кој во 2010 година ја освои титулата во Купот на победници на купови. Најголем дел од кариерата од 2002 до 2011, Драгана Пецевска го носеше дресот на Кометал Ѓ.Петров и на Еуростандард ЃП. Исто така има настапувано и во домашното првенство, за екипата на Металург, а нејзин последен клуб како играч беше ЖРК Вардар. Драгана го потенцира успехот на нејзината екипа на “Трофеј Белград“, иако напомена дека Вардарки требало да играат во големото финале.
-Пред се да им честитам на моите девојки за прикажаната игра и однесувањето на теренот. Имаме одлична генерација на играчи, добри како личности кои се однесуваат веќе како професионалци. Успехот на турнирот во Белград секако дека е одличен, но мислам дека со нашата игра заслуживме да играме во големото финале. Сепак од секој пораз добиваме едно поголемо искуство.
Во полуфиналето се сретнавме со домашната екипа на РК Белград. На овој дуел бевме минимално поразени до (16:17), иако имавме предност од 15:13, сепак падна концентрацијата во последните минути. Секако и ова трето место е достигнување за нашите пионерки.
-На полуфинаниот меч имавме еден лош почеток, сепак во продолжение од натпреварот се вративме, дури имавме и водство, но на крајот само еден гол не чинеше пораз, а со тоа и изгубена можнсот да се бориме за првото место. Во борбата за третото место успеавме да одиграме уште еден одличен натпревар и на крајот да го освоиме бронзениот медал. Секако дека ги погоди поразот во полуфиналето, но покажавме дека оваа генерација на ракометарки напредува и дека се развиваат како спортисти. Против Будуќност одигравме добро, секако со мал број на грешки кои се составен дел од играта, кои немаа големо влијание на резултатот.
Ристова има помош на тренерското место од Билјана Пецевска, која минатата сезона работеше со младинскиот состав на Вардар. Мора да се напомене дека голема заслуга за овој успех имаат и Раул Гонзалес, како и Александар Царчев кои се од голема помош за нивната работа. Тука секако е и Индира Кастратовиќ, која има фунцкија на координарот во младинските категории на РК Вардар.
-Напредок кај оваа екипа има, но мора уште да работиме и учиме. Заедно со мојата тренереска екипа сме пресреќни од постигнатиот резултат, не очекува секако уште работа и добри резултати. Оваа прилика ја користам да им ги честитам новогодишните и божиќните празници на сите кои се дел од Вардар, како и на навивачите на клубот.
Звонко Ивановски