Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Душебаев до 2017 останува црвено-црн, има нов двегодишнен договор
Душебаев до 2017 останува црвено-црн, има нов двегодишнен договор

Душебаев до 2017 останува црвено-црн, има нов двегодишнен договор

Убава вест за фановите на ракометниот клуб Вардар квалитетниот ,млад и надежен Шпански ракометар Алекс Душебаев останува во Скопје најмалку до јуни 2017 годидина. Како што известуваат  утрово од клубот на обострано задоволство е продолжен неговиот договор со црвено-црните. И ако ова вест беше одамна позната денеска официјално беше потврдено продолжувањето од страна на клубот.

Алекс имаше прекрасен настап годинава во ЛШ каде може да кажеме дека беше најдобар поединец на одредени мечеви и имаше вистинска шампионска сезона во дресот на црвено-црните. Во Лигата на Шампионите постигна 73 погодока , а во регионалната СЕХА лига стралаше 35 пати во голот на нашите противници. За ова продолжување за клубскиот сајт изјава даде и директорот на црвено-црните г-н Давор Стојановски тој вели :

  • Вардар го задржува костурот на тимот и за следните сезони, а Алекс е дел од идните планови на клубот. Неговата младост, квалитет и прикажани игри беа причина да му понудиме нов договор, што на наше задоволство го прифати. Се надеваме дека и во иднина ќе биде еден од главните алки во екипата.