Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар утре гостува кај РК Прилеп

РК Вардар утре гостува кај РК Прилеп

По завршување на куп финалето викендов и освојување на истиот за РК Вардар утре следи шестиот дуел од плеј-офот во ракометната лига . Нашите ракометари ќе гостуват во градот под Марковите кули кај тимот на РК Прилеп.

По првите пет кола црвено-црните имаат исто толку победи , а утрешниот противник забележа исто толкав број на неуспеси . Вардар како и во сите дуели така и во овој влегува како изразит фаворит и единствена дилема е колкава ќе биде со колку голови ќе ја поправи својата гол-разлика која сега изнесува 65гола позитива или во просек по пет одиграни кола вардарци имаат 13 гола позитива по меч. Дуелот е закажан со почеток  во 19-00 часот . Утре почнува вториот круг од плеј-офот во првиот круг РК Вардар како домаќин забележа убедлива победа со 15гола разлика поточно крајниот резултат беше 41:26 .