Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв трофеј за ФК Вардар во ерата на Самсоненко, неговите тимови од 6 домашни титули освоија 4 до сега 5та повеќе од сигурна

Прв трофеј за ФК Вардар во ерата на Самсоненко, неговите тимови од 6 домашни титули освоија 4 до сега 5та повеќе од сигурна

Одкако г-н Сергеј Самсоненко го презема и третиот клуб односно фудбалската секција на црвено-црните минатото зимо стигна до првиот пехар со истиот. Ова е прва цела сезона како Самсоненко го менаџира фудбалскиот тим бидејќи кога ги одкупи акциите од Град Скопје сезоната беше навлезена во втората фаза . По година пауза повторно во фудбалска Македонија пехарот  е “обоен“ црвено-црно. Од шест титули колку што има во домашните натпреварувања со трите тима во негова сопственост веќе се закитивме со четири титули а петата е на добар пат.

ФУДБАЛ: На нас вистинските вљубеници во црвено-црните бои најважна ни била и ќе ни биде секогаш титулата на фудбалскиот колектив. Црвено-црните фудбалери со победата над Тетовскиот тим Ренова на коло пред крајот на ПМФЛ ја осигураа 9та титула Шампион , а воедно и првата во ерата на Самсоненко. За жал купот и годинава е  “рак-рана “ и во четвртиот обид од како по фузијата имаме тим кој се бори за врвот и титулата во лигата во купот бележиме неуспех. Се надеваме цврсто дека догодина конечно ќе ги обединиме двете домашни титули кој за подсетување на помалку упатените долго уште од 1995година не сме успеале да ги соединиме во иста натпреваруварувачка сезона .

РАКОМЕТ (Мажи) : Тука една титула прославиме во сабота Купот на Македонија кој беше одбранет повторно во финален меч со ривалот од Автокоманда РК Металург . Ова е рекорден 10ти пехар во купот и РК Вардар е прв ракометен машки колектив со двоцифрен број трофеи во едно натпреварување . Првенството е на половина и тука имаме пет од пет успех максимален број бодови до сега . Судејќи по квалитетот на ракометните состави во земјава овој преостанат не освоен трофеј слободно може да го “впишеме “ на нашето црвено-црно конто за сезонава.

РАКОМЕТ(Жени) Овде на домашна сцена веќе двете титули се обезбедени . Во саботата во финалниот меч со тимот на ЖРК Металуг девојките на Индира Кастратовиќ дојдоа до куп трофејот со една убедлива победа покажувајќи дека неколку класи ги двојат од противничките од Автокоманда. Во првеснствто на неколку кола пред крајот е осигурана и титулата во лигата со тоа во женската ракометна конкуренција имаме годинава “двојна круна“ .