Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алекс Душебаев: Сега ја сакаме и титулата од првенството

Алекс Душебаев: Сега ја сакаме и титулата од првенството

Црвено-црните се првата екипа во Македонија, која дојде до двоцифрена бројка на освоени купови, во својата историја. Победата во финалето против Металург беше вкупно 10-ти трофеј во националниот куп. Душебаев беше најдобар стрелец на завршниот турнир. Во финалниот меч, беше најефикасен играч со вкупно 8 постигнати голови.

-Металург одигра добро денеска, а ние не бевме на нашето вообичеаено ниво, но на крај важно е дека освоивме уште една титула, го одбранивме Македонскиот Куп. Не е проблемот дека не бевме мотивирани, туку едноставно веќе сме уморни. Сезоната беше долга, имавме многу тешки натпревари и сега сите сакаме да освоиме уште една титула, во првенството и заслужено да одмориме, изјави Душебаев за официјалниот сајт на клубот.