Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Душебаев: Ќе дадеме се од себе за да го победиме Вардар
Душебаев: Ќе дадеме се од себе за да го победиме Вардар

Душебаев: Ќе дадеме се од себе за да го победиме Вардар

Во недела црвено-црните гостуваат во Полска на екипата на Киелце, во рамките на 5.коло од Лигата на Шампионите. Тој ќе биде дуел и против поранешните вардарци, Алекс Душебаев и Лука Циндриќ, ракометарите кои со Вардар ја освоија Европската титула, но во недела ќе бидат на спротивната страна. Во пресрет на овој натпревар, Душебаев ги искажа очекувањата, кој истакна дека неговиот тим го очекува тежок дуел.

-Имавме многу тежок старт на сезоната, се мачевме со многу повреди, но сега полека играчите се враќаат во тимот. Среќен сум затоа што му помогнав на мојот тим во овој период. Беше предизвик, во толку натпревари да се игра толку време, но како спортист, секогаш сакаш да се адаптираш на сите ситуации и да победиш. Сега за нас следи меч со Вардар, кој е голем тим, тежок ривал и нема пораз во групата. Но, ние ќе дадеме се од себе за да победиме.

Вардар е лидер во групата со максимално освоени бодови, додека екипата на Киелце има освоено 6 бодови. Дуелот ќе започне од 17:00 часот.