Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Душебаев: Само Вардар од 2015 година до денес, има поголеми достигнувања од нас!
Душебаев: Само Вардар од 2015 година до денес, има поголеми достигнувања од нас!

Душебаев: Само Вардар од 2015 година до денес, има поголеми достигнувања од нас!

Киелце не ја започна сезоната како што замислуваа полските навивачи и спортската јавност. Шампионот на Полска во овој момент се наоѓа на петтата позиција на табелата, па токму затоа медиумите постојано го притискаат Душебаев и неговиот тим. Во едно интервју за тамошните медиуми, меѓу другото, Душебаев го спомена и нашиот Вардар, за кој рече дека само тој тим има поголеми достигнувања од нив во последно време.

„Не ми се допаѓаат критичките шпекулации. Сепак, фактите се неспорни – само Вардар од 2015 година до денес, има поголеми достигнувањa од нас”, рече Талант Душебаев.

Киелце во овој момент е во резултатска криза и се наоѓа на петтата позиција на табелата одма зад нашиот Вардар. За три недели овој тим гостува во Скопје кај европскиот шампион.