Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Фленсбург го изненади ПСЖ, Митревски му донесе прва победа на Порто во ЛШ
Фленсбург го изненади ПСЖ, Митревски му донесе прва победа на Порто во ЛШ

Фленсбург го изненади ПСЖ, Митревски му донесе прва победа на Порто во ЛШ

Во текот на вчерашниот ден се одиграа два натпревари во рамките на групата А од Лигата на Шампионите, во која се натпреварува и Вардар.

Екипата на ПСЖ на домашен терен беше непријатно изненадена од Фленсбург, кој ги однесе бодовите од овој дерби натпревар во групата. Иако ПСЖ имаше предност од четири голови по истекот на првото полувреме (18:14), на моменти позитивата достигна и до пет голови, сепак на крајот триумфот му припадна на бундеслигашот.

_ag20939-x2

Падот за избраниците на Раул Гонзалез започна од 45 минута кога при водство од 23:18, дозволија на противникот да се врати целосно во игра и да го израмни резултатот на 24:24. Во финишот подобро се снајде Фленсбург откако имаше постојано предност од еден гол, додека домаќинот беше тој што бркаше негатива. Сепак на крајот тоа не беше доволно да се избегне пораз. На овој дуел, деби во дресот на ПСЖ имаше поранешниот вардарец, Даинис Кристопанс кој постигна два гола.

После поразот во првото коло од Елверум, екипата на Порто не смееше да се дозволи нов неуспех на свој терен. Шампионот на Португалија ги освои првите бодови во групата откако славеше во дуелот со Брест Мешков за кој ова беше прв пораз.

Видовме различно прво полувреме, во кое свои периоди имаа и двете екипи. Гостинот од Белорусија многу подобро го започна натпреварот кога се одлепи на четири гола позитива (3:7), но потоа до крајот на првото полувреме следеше голема серија на Порто, кој успеа по првото полувреме да има водство од 12:9.

Серијата за португалците продолжи и во второто полувреме кога стигнаа до предност од 15:9, но избраниците на Алонсо успеаа да се вратат во игра и да стигнат до израмнување од 17:17. Немаше сили повеќе екипата на Брест, домаќинот заигра подобро, поведе со четири гола, кои на крајот се покажаа како клучни за првиот триумф сезонава во ЛШ. На голот на Порто, блескаше македонскиот репрезентативец, Никола Митревски, кој натпреварот го заврши со 13 успешни одбрани.

Денешниот натпревар на Вардар против екипата на Елверум е одложен.