Тренерот на шпанската ракометна репрезентација, Жорди Рибера го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамките на квалификациите за европското првенство во 2018 година. На него се најдоа и двајца играчи од нашиот ракометен шампион. Се работи за Алекс Душебаев и Жоан Кањелас. Интересно е што во репрезентацијата нема место за голманот Арпад Штербик и десниот бек Хорхе Македа. Инаку Рибера е новиот предвоник на Шпанија, кој го замени на клупата, поранешниот селектор Маноло Каденас.
Првиот натпревар “црвената фурија“ го игра на на 2-ри ноември кога на домашен терен ја пречекува селекцијата на Босна и Херцеговина, додека на 5-ти ноември ќе гостуваат на Финска.