Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар одат по “чудо“ на реваншот против Салцбург на арената “Филип втори“
Младинците на ФК Вардар одат по “чудо“ на реваншот против Салцбург на арената “Филип втори“

Младинците на ФК Вардар одат по “чудо“ на реваншот против Салцбург на арената “Филип втори“

Вечерва со почеток од 19 часот на националната арена Филип Втори ќе се одигра реванш натпреварот од младинската лига на шампиони, помеѓу екипите на Вардар и Салцбург. По првиот меч одигран во Австрија противникот има голема предност од 5:0, така што нашите надежи ќе имаат тешка задача да ја анулираат оваа негатива.

Избраниците на Љупчо Марковски нема што да загубат на овој натпревар и ќе се обидат да се прикажат во подобро светло пред македонската јавност. Црвено-црните во националното првенство имаат седум победи од исто толку одиграни натпревари, како и обезбеден пласман во полуфиналето на купот. Таму имаме одиграно три меча и исто толку триумфа, што говори дека овие момци сепак поседуваат квалитет. Тренерот Марковски ќе може да смета на сите играчи и ќе се обиде да го извлече најдоброто од екипата за вечерниот меч. Во офанизвната линија треба да бидат Ердон Даци, Виктор Димков и Јасир Беќири. На голот би требало да биде првиот чувар на мрежата Филип Трајчевски. Ако одиме според составот кој игра во лигата и купот, дефанизвната линија би требало да биде со Ричков, Личина, Исмаил, Т.Тодоровски, во средината се Дарко Додевски, Теодор Димитровски и Филип Стојчевски. Сепак оставаме простор за некое можно изненадување во составот од клупата ќе го предводат Љупчо Марковски и неговиот помошник за овој двомеч, се работи за Влатко Колев кој ги тренира кадетите на Вардар.

Сигурни сме дека нашите  младинци ќе дадат максимум од себе и со победа ќе ги израдуваат присутните гледачи на Филип втори.