Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Киелце го држат првото место во групата Б и со Барселона се единствените со максимални 8 бодови по четири одиграни кола
Вардар и Киелце го држат првото место во групата Б и со Барселона се единствените со максимални 8 бодови по четири одиграни кола

Вардар и Киелце го држат првото место во групата Б и со Барселона се единствените со максимални 8 бодови по четири одиграни кола

Се одигра и четвртото коло во лигата на шампиони во најсилната група Б. Вардарци сеуште го делат врвот на табелата со екипата на Киелце и единствените од оваа група кои имаат максимален број на освоени бодови. Победи во ова коло остварија уште и екипите на Рајн Некар и Брест Мешков.

Вардар доби уште една важна битка во својата група, победувајќи го силниот тим на Пик Сегед. Во најголем дел од мечот се играше израмнето, црвено-црните го контролираа резултатот, но на моменти вицешампионот на Унгарија сериозно се закануваше. На моменти успеваа да имаат водство од еден гол разлика. Сепак широкиот ростер со кој располага тренерот Гонзалес му дава за можност да ротира во текот на целиот меч, што на крајот можеби се покажа како пресуден фактор за конечниот победник. Славиме уште еден триумф изразен со резултат 30:27. Дибиров кај нас беше стрелец на 8 голови, додека Балог кај Сегед постигна 9.

Најнепријатното изненадување оваа сезона во лигата на шампиони, екипата на Загреб продолжува со порази и после ова одиграно коло останува без ниту еден освоен бод. Најдобриот тим во Хрватска пред околу 10.000 гледачи во својата арена беше поразен од екипата на Брест Мешков. Лошо започна и овој меч за ППД Загреб кој во последните десет минути од првиот дел влезе со негатива од шест гола (6:12). До крајот на првиот дел домашниот тим ја намали негативата и на одмор замина со резултат 10:14. Подобра игра на почетокот на вториот дел за Загреб, која не траеше сепак долго време. Нов голем пад во нивната игра, повторно му овозможи на Мешков да се одлепи на солидна разлика и рутински да го приведе крајот на мечот. Кристопанс постигна 7 гола кај победникот, додека кај поразениот тим најрасположен беше Хорват со 6 голови. По овој пораз. Веселин Вујовиќ доби отказ од клупата на Загреб и тимот во следното коло против Вардар ќе го води неговиот помошник.

Екипата на Киелце очекувано стигна до нова победа, на домашен терен ја совладаа екипата на Целје Пивоварна Лашко. Конечниот резултат гласеше 31:23, но сепак не беше тоа толку лесен триумф за Полјаците. По првиот дел, избраниците на Талант Душебаев имаа предност од само еден гол (16:15). Долго време шампионот на Словенија одржуваше резултатска неизвесност. На 15 минути пред крајот на мечот резултатот беше 20:18, но од тие моменти Киелце направи серија од неколку погодоци и се одалечи резултатски од Целје. Филип Ивиќ е повторно еден од најзаслужните за триумфот, кој мечот го заврши со 19 успешни интервенции. Билецки и Џукиќ постигнаа по 5 голови, додека кај Целје најефикасен беше Блаж Јанц со 7 постигнати голови.

Потешко од очекуваното до победа стигна и Рајн-Некар кој на свој терен беше подобар од Кристијанштад. Од добиен меч, бундеслигашот мораше до крај да трепери за бодовите. На полувреме имаа водство од 17:12, додека во еден момент од вториот дел и највисоки шест голови разлика. Сепак за да не биде толку едноставно се погрижи голманот, кој сигурно до ова коло е во центарот на вниманието. Небојша Симиќ повторно имаше одлично издание на голот на својот тим,впишувајќи на крајот 20 одбрани. Германците мораа преку последен напад кој траеше повеќе од една минута да постигант гол и да се радуваат на победа, за конечни 30:29 на овој меч. Шмид во дресот на Рајн-Некар постигна 8, додека кај поразените се истакна Толбринг со 5 голови.

Двојки за следноот коло:

Загреб – Вардар

Киелце – Рајн-Некар

Пик Сегед – Мешков

Кристијанштад – Целје П.Л.