Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шведска судиска двојка ќе ни суди во петок
Шведска судиска двојка ќе ни суди во петок

Шведска судиска двојка ќе ни суди во петок

В петок стартува второто коло од женската Лига на шампиони. ЖРК Вардар и овој натпревар ќе го одигра на домашен терен и тоа во петок. По нерешениот резултат против тимот на Ференцваршот, девојките на Вардар немаат право на уште еден кикс. Овој натпревар ќе го суди судиска двојка од Шведска.

Се работи за: Мирза Куртагич и Матиас Ветервик. ЕХФ делегатот ќе ни доаѓа од Бугарија, а станува збор за Розита Димкова. Се надеваме на добро завршена работа на оваа судиска двојка.