Познати се 16-те ракометари кои ќе настапат за македонската сениорска ракометна репрезентација, на претстојните медитерански игри во Оран, Алжир.
На конечниот список на селекторот Кирил Лазаров се најдоа и двајца ракометари од Вардар. Се работи за голманот Васил Гогов и пикерот Костадин Петров.
Македонија се наоѓа во група со репрезентациите на Турција, Шпанија и Алжир. Првиот натпревар го играме на 28.јуни против селекцијата на Турција.