Во периодот од 21-23 април ќе се одигра четвртиот ракометен меѓународен турнир “Ракометот во срце, Завидовиќи 2017“. На него ќе се натпреваруваат екипи родени 2000 и 202 година, а сите мечеви ќе се играат во три града во централниот дел на Босна и Херцеговина, тоа се Завидовиќи, Зепче и Маглај. Ќе учествуваат 20 клубови од шест различни земји, а меѓу нив е и ракометниот клуб Вардар, како и Веспрем од Унгарија. Дел од турнирот ќе биде и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, кај генерацијата родени “2000“ година.
Пионерите предводени од Андријана Будимир ќе бидат дел од групата Ц, а ќе се натпреваруваат со екипите на РК Метковиќ, Јерузалем Ормож, Урбанскапе, Лока и Маглај. Да потсетиме дека истава генерација го освои второто место на минатогодишното издание на истиов турнир, откако во финалето беа поразени од екипата на Јерузалем, противник со кој ќе играат во групната фаза.
Кадетите под водство на Чивлачки и Грчевски исто така ќе се натпреваруваат на овој турнир и ќе бидат дел од групата Ц со екипите на Јерузалем, Урбанскапе, Лока и Маглај. Минатата година, оваа генерација на црвено-црните заврши на шесттото место.